MEĐUNARODNA ŠPEDICIJA I KONSALTING USLUGI

 

Друштвото за шпедиција, транспорт и услуги JMB Скопје

Е основано на 24.06.1991. година како Друштво со ограничена одговорност. Друштво ЈМБ д.о.о. Скопје се занимава со меѓународен транспорт и меѓународна шпедиција

За извршување на своите активности нашата компанија поседува повеќе Сертификати кои се потребни за дејностите. И тоа:  

Сертификат издаден од Стопанската комора на Македонија - Групација на меѓународните шпедитери - MIFA со кој се потврдува членство на истата, како и
Лиценца за извршување на јавен превоз во внатрешниот и надворешниот патен сoобраќај издаден од Министерство за транспорт и врски на РМ.

Наша основна дејност се состои од извршување на меѓународен копнен транспорт. Меѓународниот транспорт се извршува најчесто надвор од Р. Македонија и тоа најчесто во регионот на Балканот, Бившите ЈУ простори и Италија.

Како втора но не помалку застапена дејност на нашата компанија е и извршување на меѓународна шпедиција на околу 2000 коминтенти од скоро цела територија на РМ која се состои од изготвување  на царинска документација, поднесување од Царинска Управа на РМ и целосно ослободување на царинската стока од царинските складишта со достава до крајниот коминтент - нарачател на стоката од странство.